Теодосиевска: „Медена земја“ ја врати публиката во салите

You must need to login..!

Опис

Многу филмски критичари меѓу кои и Питер Бредшоу типуваа на „Медена земја“. Но тоа не значи дека „Медена земја“ ги освојува американските критичари. Ние ги следевме критиките само од поголемите магазини, медиуми, но Америка е огромна земја.

Овој филм што победи е за нив една голема, универзална сторија, бидејќи не е прв пат една фабрика да биде затворена и работниците да си отидат дома. „Медена земја“ ќе остане запаметен во историјата на Оскарите како филм со две номинации.

Почнувајќи од една идеја, од еден мал советодавен научен филм порачан од „Фармахем“ да се стигне до една раскошна сторија за Атиџе Муратова. Тоа е креација и успех за целиот тим. Со документарен филм да се стигне до Оскарите е многу тешко. Документарниот филм во последниве 20 години доживува неверојатен успех кај публиката.

Треба да сме среќни што „Медена земја“ ја врати публиката во салите, рече Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот „Браќа Манаки“.

Од секогаш сум мислела дека документарниот филм е неправедно запоставен од страна на било која Агенција или Министерство за култура. Се надевам дека после еден ваков успех, оние што одлучуваат ќе имаат малку поинакв однос кон сите идеи што им доаѓаат на хартија, вели Теодосиевска.

„Американска фабрика„ и дека зад успехот стојат имињата на Обама (Барак и Мишел)

Околу „Американска фабрика„ и дека зад успехот стојат имињата на Обама (Барак и Мишел), Нетфликс, сепак би сакала да кажам дека Џулија Рајнхард не е ново име во документарниот филм. Зад неа постојат повеќе од 20 долгометражни документарни филмови. Таа беше номинирана и пред 4-5 години. Целата приказна за „Американска фабрика“ почнува во 2009 година со нејзиниот филм, „Последниот Камион“. Со него таа ја почнува приказната за „Генерал моторс“, за да стигне во 2018 до „Американска фабрика“, рече Теодосиевска.

„Медена земја“ е нашата визуелна радост. Атиџе се надевам дека ќе остане со пчелите и оваа држава знае да и го испочитува тоа. Љубомир Стефанов и Тамара Котевска се надевам дека веќе имаат идеја за нов филм. Да не зборувам за Атанас Георгиев кој што за мене е еден од најинтелигентните продуценти и монтажери што го имала не само Македонија туку и малку пошироко, вели Теодосиевска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight + nineteen =