Тензии на Блискиот Исток: Иран и натаму опасност по мирот, Либија и Медитеранот можно ново жариште

You must need to login..!

Опис

Тема на денешната меѓународна анализа на Утрински брифинг е Блискиот Исток и тензиите кои секојдневно се присутни. Иако напнатоста помеѓу Техеран и Вашингтон по убиството на генералот Сулејмани се намалуваат, се чини дека конфронтацијата оди на теренот преку неофицијални екстремистички и улични судири.

На улиците на Техеран два дена траат протести во кои демонстрантите бараат оставка од иранската влада и скандираат дека САД не им се непријатели, туку пријатели. Од друга страна проирански Хезболах, шиитска група која е контролирана од Иран изведе ракетен напад врз две воени бази во Ирак, каде се сместени американски војници. Тие повикуваат на одмазда за убиството на генералот Сулејмани. И покрај официјалната политика на мир, сепак двете страни се обидуваат да ја исполнат својата цел и да го поразат противникот.

Дополнителна тензија на Блискиот Исток предизвикува и состојбата во Либија и одлуката на Турција да испрати своја армија со цел да го обезбеди делот во Медитеранот богат со нафта. Турција ја поддржува актуелната влада во Триполи, наспроти другата завојувана страна која пак има поддршка од Грција, Кипар, Египет и Европската унија. Опасноста од ескалација на состојбите во Либија и Медитеранот ги принуди рускиот претседател Путин и германската канцеларка Меркел пред два дена да извршат притисок врз конфронтираните страни во Либија и да потпишат примирје.

Околу блискоисточната состојба е и веста дека пред два дена почина Султанот на Оман, Кабис бин Саид, еден од најдолговечните владетели на Блискиот Исток. Саид почина на 80 годишна возраст, а во оваа држава е прогласена тридневна жалост, додека знамињата на оваа држава ќе бидат на пола копје 40 дена. Властите во Оман соопштија дека Саид оставил и запечатено писмо кое е отворено, но не се соопштуваат детали што точно пишува во него. Веќе е наименуван и негов наследник, досегашниот министер за култура, Хајтам бин Таник ал Саид како нов султан на Оман. Се шпекулира дека починатиот султан во писмото го наименувал Таник за свој наследник.

Инаку починатиот султан, Кабис бин Саид уживаше голема поддршка од Западот, а на власт дојде во 1970 година преку државен удар, но без пролевање на крв со помош на Велика Британија како тогашна колонијална сила. Тој со Оман владееше полни 50 години.На овие теми во студиото на Утрински брифинг анализираа Чомовски, Андоновиќ и Орданоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + 5 =