Теменугов за УБ: Кризава ќе треба сите сериозно да ја платиме и плаќањето треба да почне од најбогатите

You must need to login..!

Опис

Носењето на вториот сет на економските мерки на владата – што е она што ќе остане на товар на државата? За некои лоши, за некои добри, додека некои аналитичари сметаат дека во овој период се и доволно добри за на некој начин амортизирање на големите загуби кои економијата веќе ги трпи.

За новинарот Горан Теменугов, многу е тешко во овој момент да се оценат мерките бидејќи никој не знае што не чека и до каде ова ќе се развива.

-За прв пат светот се соочува со вакво нешто. Немаме воено разурнување каде што за да се обнови земјата треба кредити да се земаат, да се гради инфраструктура и потоа оди животот кон подобро. Овде нема разурнувања, но имаме потполно застанување на економијата.

Теменугов вели дека е добро што има мерки, но се уште е рано да се оценува нивниот ефект, бидејќи „секој ќе биде незадоволен, бидејќи не добил онолку колку што очекувал“.

-Генерално добро е што имаме мерки. Можеме да одиме со анализа дали можеше повеќе да се даде, но јас ќе се осврнам на неколку моменти во целава приказна што ми пречат. Не создаваме мислење дека кризава ќе треба сите сериозно да ја платиме и дека плаќањето ќе почне од најбогатите. Гледаме дека не се размислува да се оданочат најбогатите, тука не зборам фирмите да се даночат со нови давачки, туку зошто не им се земе профитот. Тука лежат тешки милиони евра и тоа со уредба од владата може да се направи. Да не се лажеме дека граѓаните нема да ја платат цената. Не само со отпуштањата туку и после, кога и да заврши кризава.

Теменугов заклучува дека генерално мора да се направи слика дека ова навистина многу ќе чини.

-Гледам дека приватниот сектор е многу нервозен заради тоа што не се намали платата во јавната администрација. Во првите предлог мерки што ги предложи лидерот на СДСМ, за кратење на платите во јавнат аадминистрација, бев против таквото нивелирање сите да добијат по 14.500 денари плата, бидејќи некој во јавната администрација седи дома, а некој се отепува од работа. Не е праведно така да се изедначуваат работниците, додаде Теменугов.

Околу ставот на банките за одложеното плаќање на кредите, а не скратување на камата која потоа ќе биде пресметана и дополнително наплатена, Теменугов вели дека тоа е прашање кое сите не мачи.

Според него шестмесечното одложување е добра мерка, но доколку кризава трае и после септември банките најверојатно ќе излезат и со нови мерки.

-Сега се води прашањето дали во овие шест месеци треба да плаќамае камата или не. Јас мислам дека не треба да се плаќа иако има друга логика за која банките се во право – тие треба да го оддржуваат своето работење, да имаат континуиран прилив на средства. Исто така доколку нема камати на кредитите ќе нема и камати на депозитите. Тоа се е поврзано – банката ги зема од нас, ги штеди, става камата и по повисока камата ги пласира во кредити за стопанство и граѓани. Но сепак мисла дека банките имаат сериозен простор за „играње“ бидејќи имаат огромни добивики. Ако не се лажам лани имаа 113 милиони евра и тука гледам можност да не наплаќаат камата и после тоа да си продолжи нормалното плаќање, изјави за Утрински брифинг Горан Теменугов..

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven + 7 =