Темелковски: Опасните хемикалии ќе бидат безбедно отстранети

You must need to login..!

Опис

100 станови во Расадник е тема која дигна многу прашина во општина Кисела Вода. Која е конечната одлука – ќе се гради ли и кога би почнала да се гради? Дивите депонии, ОХИС, зелен катастар, се само дел од прашањата кои ги мачат жителите Киела Вода и Скопје.

Гостин во Утрински брифинг беше градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски кој рече дека по однос на ДУП-от анкетните листови се проверени, даден е одговорот до сите граѓани кои биле засегнати.

ДУП-от се уште не е донесен, бидејќи треба и институциите да провереат дали се е во согласност со правилата и прописите. Сметаме и имаше мали корекции кои што беа на барање на граѓаните – да се обезбеди општо добро, уште еден Културен дом на таа територија. Сметаме дека ДУП-от е добар за локалитетот, но ќе видиме останатите институции што ќе одговорат. Значи, се уште не е е донесен, фо фаза на носење сме, изјави Филип Темелковски, градоначалник на општина Кисела Вода.

Околу информациите дека граѓанати се жалат дека со новите градби би се направил поголем сообраќаен хаос и критиките за паркинг места, што практично е и генерален проблем на Скопје, Темелковски вели дека и сега има доволен број на паркинг места, а единствен проблем е што паркинг местата се скапи и не се купуваат.

Вие сега да отидете во Расадник и општина Кислеа Вода ќе најдете многу празни паркинг места пред зградите, а возилата се по коловозите и тротоарите што е спротивно на законот.

Дополнително, за да не биде само за плаќање, ние имаме предвидено катна каража во самиот Расадник, имаме и подземо паркирање, додека за веќе постоечкиот дел е распишан тендер за монтажна гаража со капацитет за 150 возила. Со ова би се решил дел од проблемот со паркирањето таму.

Диви депонии

ОХИС останува жешка точка. Има информација дека концентрации од опасно хемиско соединение се утврдени во депонии надвор од кругот на фабриките, Темелковски вели дека тоа е долгорочен процес и не е работата само да се исчисти.

Треба да се исчисти и понатаму да се деконтаминира земјиштето. СО години тоа впивало секакви токсини и тоа не се прави за година или две.

Проблемот со тие депонии е недостаток на доволно документација. Голем дел од документацијата или не се водел или пред отворањето на стечајната постапка на ОХИС мистериозно исчезнала. Во соработка со бивши вработени Министерството за животна средина дел од тие локации ги има детектирано и знае каде се. Една од обврските е сите да се исчистат. Во мојот мандат мислам дека нема ниту едно барање за Б интегрирана дозвола.

Ние и медицински и секаков вид на отпад го носиме во депонијата Дрисла.

Околу центрите за зависници, Темелковски вели дека почнат е процесот на дисперзија на самата болница, односно на корисниците на услугите на болницата.

Иако оди споро и имаме отпор од некои општини, сепак има општини кои прифатија да се отворат центри и кај нив. Нашите анализи покажуваат дека кога се помал број на корисници на услугите на здравствениот дом нема никаков проблем, бидејќи тоа се менаџира со самата болница. Градоначлниците треба да сфатат дека тие се нивни сограѓани и здравствените услуги треба и за нив да бидат подостапни.

Депонија во Драчево

Најголемата депонија е во село Драчево. Во текот на минатата година беше направен парк на дивата Депонија. Иако се уште се соочуваме вандализам. Можам да кажам дека во однос на казнувањето, жалам што помалку може да детектираме, фатиме луѓе кои фрлаат шут бидејќи тоа најчесто се случува во ноќните часови. .

Зелен катастар е направен за дел од општината. За урбаниот дел е веќе готов, за останиот се прави. По однос на екологијата направен е и катастар на загадувачи. Таму се детектираат главните загадувачи на општината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 + 7 =