Темелковски: Новите згради нема да го нарушат квалитетот на живеење во Кисела Вода

You must need to login..!

Опис

Градбите во Општина Кисела Вода се најмногу на барање на граѓаните и на сопствениците на парцелите, и се во согласност со Деталните урбанистички планови кои не велам дека се идеални. Дел од ДУПовите беа дадени и на соодветни институции за да се види дали се законски донесени, при што беше констатирано дека се исправни и важечки, рече денеска во Утрински брифинг градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

-Сите одобренија за градба кои што ги сме ги издале се во рамки на ДУП-от. Никој не може да даде одобрение за градба ако во Деталниот урбанистички план е впишано нешто друго. Сите одобренија се на приватно земјиште. Јасно ми е дека на некого му пречат новите градби, но мораат граѓаните да разберат дека ние како општина не можеме на никого да му го скратиме правото да изгради објект на сопствената парцела. Внимаваме да не се надминува катноста, бидејќи дефинирањето на катноста на бруто површината ни е според ДУП-овите.

Нашите инспекциски служби мината недела беа во обиколка на објектите, утврдени се нерегуларности но повеќе од технички аспект, најмногу за начинот на кој се обезбедени објектите, објаснува Темелковски. Во продолжение погледенето го видеото каде што градоначалникот Филип Темелковски открива дали повторно ќе ја бара довербата од граѓаните за уште еден градоначалнички мандат на следните локални избори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six + fourteen =