Теа Мицковска: Има гласини за сексуално вознемирување на студенти, ги охрабруваме да пријават

You must need to login..!

Опис

На социјалните мрежи на Универзитетското студентско собрание на УКИМ деновиве беше објавен повик за пријавување на сексуално вознемирување.

„Во високото образование не смее да има простор за сексуално вознемирување! Универзитетот мора да биде безбедна зона за сите студенти. Јавна тајна се случаите кога одредени професори се однесуваат предаторски кон своите студентки, злоупотребувајќи ја својата позиција на авторитет. Овие професори не само што треба да бидат етички осудени, туку против нив треба да бидат покренати дисциплински постапки и истите да го загубат своето место во академската заедница“, стои во објавата на Фејсбук. Студентската правобранителка Теа Мицковска, за Утрински брифинг вели дека имаат сознанија за случаи на сексуално вознемирување, но тие се на ниво на гласини.

„Овој статус на социјалните мрежи беше објавен со цел да се охрабрат студентите, без оглед на полот, да пријават таков случај. Досега, можеме да кажеме, дека не постојат директни пријави врз основа на кои може да се поведе некаква постапка Она што стигнува до нас, повеќе се во форма на гласини и тие стигаат преку другар или другарка на некој студент или студентка кој што смета дека е вознемирувана. Дефинитивно може да се каже дека кај студентите постои страв. Станува збор за непожелна ситуација зашто Универзитетот треба да биде слободна зона и тие однесувања треба да бидат пријавени. Сексуалното вознемирување е само еден од облиците на сексуално насилство, а студентите сакавме да ги охрабриме да пријават секаков облик на насилство“, вели Мицковска.

Таа додава дека во овој момент студентите најверојатно прво ќе се обратат до некоја невладина организација која се занимава со овие прашања, заради тоа што по подолго време е избран студентски правобранител како легитимен орган и треба да се работи оваа функција навистина да заживее меѓу студентите и е формирана работна група која составува прирачник за случаи во кои се прекршуваат правата на студентите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven − 1 =