🎥 📞 Тачи: И ангели да има во Владата, парламентот како коректор на извршната власт мора да функционира

image

You must need to login..!

Опис

Мислам дека ние како држава и како граѓани живееме во ситуација што никој не знае колкуј може ова да потрае, а што е најстрашно никој од нас политичарите па и од раководителите на институциите да кажеме – ајде излегувајте сите, затоа што никој не е е во ситуација да ја преземе оваа одговорност. Кога имате ваква ситуација не можете да дозволите владата да донесува одлуки без парламент.

Најмногу месец дена би можела, но после тоа мора да се свикја парламент. Што ако треба некои потешки законски одлуки да се донесат? Нас ќе ни треба парламент. На крајот на краиштата ние сме парламентарна деморатија и коректор на владата па и ангели да има во владата. Но ние не сме ангели, ние сме луѓе и имаме предиспозиции да присвојуваме власт, изјави за Утрински брифинг, Мендух Тачи, претседател на ДПА.

Тука не смееме да гледаме еднонасочно, односно дека ситуацијата ќе се смири. Мора да се постави и прашањето што долку ситуацијата ескалира, вели Тачи и додава дека одлуките на претседателот Пендаровски мора да бидат преку верификувани и поддржани од парламентот.

Чудно ми е зошто ДУИ се против свикување на седницата. Мислам дека на нив им одговараат побрзи избори и се уплашени од губење на власт. Но стварно немаат поголем аргумент зошто да не се свика парламентот, вели Тачи.

Сметам дека нема да има избори. Зошто? Па кој е тој од струката, од лекарите, од професионалците ќе може да да преземе одговорност да вика дека откако ќе престане вонредната ситуација дека ние може комотно после 22 дена да одиме на избори? Затоа треба да фунционира парламентот. И да се договориме и одлучуваме тие рокови да ги пролонгираме да бидеме транспарентни. Можеби политиката ќе одлучува, но сега главниот советник и тој што ќе сугерира на политиката ќе биде струката, изјави за Утрински брифинг, Мендух Тачи, претседател на ДПА.

Мора да бидеме претпазливи. Ништо не е завршено. Јас се уште мислам дека сме во почетоците на пандемијава, додаде Тачи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 + 4 =