Тачи: Владата нема да падне – Заев ќе владее уште три години

You must need to login..!

Опис

Вчера имаше консултации на владините партнери во пресрет на денешната парламентарна седница на која на дневен ред е иницијативата за интерпелацијата на владата.

-Кога преговорите се одвиваат во пет до 12, разговорите се тајни. А разговорите ги води Зоран Заев. Мислам дека денеска нема да падне владата. Според информациите што ги имам, владата ќе остане и ние и ќе добиеме датум за преговори, вели за Утрински брифинг пратеникот на ДПА, Мендух Тачи.

ВМРО-ДПМНЕ се имаат гледано со лидерот на ДУИ Али Ахмети, но според тоа каков им е рејтингот малку е веројатно дека би сакале да има предвремени избори. Беса е мала партија со занемарлив резултат на изворите, а Алијанса има амбиции да се бори за власт, вели Тачи.

Се чини дека во оваа иницијатива и Заев и опозицијата избрзаа.

-Како да се местеа коцките, Заев да се врати. За мене како политичар со искуство беше неразбирливо од каде толкави суми пари се фрлија на овие избори. Ова не беа локални избори оваа иницијатива не беше локална, ова беше иницијатива за промена на поредокот во Македонија, вели Тачи. -Од надворешен аспект, дали парите се од Кина или Русија треба да си дознаат службите. А што се однесува до домашен аспект, се знае дека валканите пари се перат преку урбаната мафија. Нашиот премиер храбро влезе во оставката. Во Косово партијата на премиерот не освои ништо на локални избори никој не го ни праша за оставка.

Ако биде еднаков резултатот на вечерашното гласање, односно ако никој нема мнозинство, што ќе се случи понатаму?

-Премиерот по неуспешното гласање вечер, има овластување да преговара и ќе се формира нова реконструирана влада со Зоран Заев како мандатар, а јас велам дека на 15 ќе имаме и добра вест, вели Тачи.

Можна ли е влада ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Левица?

-Не, не доаѓа предвид. Ова не е оптимизам, јас сум само добро информиран, вели Тачи за Утрински брифинг. -Кога ова денес ќе заврши, на сите ќе им биде јасно дека Заев ќе остане на власт во следните три години, додава тој.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − 1 =