Таци Трајко Симоновски: Новите мерки носат конфузија кај музичарите – на протестот ќе молчиме

You must need to login..!

Опис

Поради дел од новите ковид-мерки, со кои жива музика е дозволена на свадби и прослави, но не и во секојдневието, во угостителските објекти, музичарите повторно излегуваат на протест.

Според музичарите, тие во времето на пандемијата изгубиле многу пари, особено оние кои живеат од своите „тезги“ и настапи, со оглед на тоа што поголем дел од изминатиот период не беа дозволени никакви настани со музика во живо.

Музичарите апелираат до владата да ја поништи одлуката и да дозволи жива музика во сите угостителски објекти, секако со одредени протоколи бидејќи како што велат тие повеќе од 15 месеци не биле во можност да ја работат својата дејност.

Поради ова тие преку Здружението „Музика сега“ во петок, односно на 04 јуни годинава, најавуваат протести во Скопје и ги повикуваат сите кои работат во оваа индустрија да им се придружат.

Претседателот на „Музика сега“ Таци Трајко Симоновски за Утрински брифинг вели дека после низа конфузни деланија, на крајот има епилог од кој се незадоволни музичарите.

-Не работиме повеќе од година дена. Основна егзистенција е во прашање, помошта која ја добивме не може да ги покрие работите. Како тоа музичарите станаа извор на зараза: Ние не сме да галамиме, ние сакаме да свириме, но факт е дека сме оневозможени, вели Симоновски.

-Ние можеме само да го продолжиме наративот кој ни е наметнат, а тоа е да ќутиме. Така што ние на протестот ќе ќутиме, бидејќи до сега зборевме и ништо не се случи. Сега ќе ќутиме и ќе видиме дали тоа нешто ќе промени, потенцира Симоновски.

-Свадбите се поширок културен феномен, но ако се примени обична здрава логика, па и медицинска, нема некоја поголема разлика ако во клуб седат четворица или шесторица на маса а бендот е од нив три или четири метри. Да бевме консултирани сите можности ќе ги ставевме на маса. Не сакаме никаква одговорност да сносиме за евентуални проблеми, но фактите се тие – кажете ми дали се случил кластер на музички настан, вели Симоновски.

-Во јануари потпишавме меморандум за соработка на шесте најголеми здруженија на музичари. Во принцип тој меморандум треба да е почеток на следната инстанца која што ние како фела ќе ја правиме, а тоа е комора. Ова ни беше сугерирано од неколку страни од институциите и ние ја разбираме потребата конечно да се униформираме и да станеме професионална комора. На тој пат со оглед на тоа што различни Здружениј аимаат различни идеи, ставови, често пати доаѓавме во ситуација каде треба да ги пегламе ставовите и во најголем дел успеавме и делувавме како едно здружение. Во сегашнава ситуација, нас ни е малку нејасно кои се ставовите на другите, бидејќи сите се збунети со оглед на пакетите мерки кои изглегоа, а кои што се доста нејасни и проблематични. И од министерот беше доста конфузно кажано, се на се има една конфузија, сите различно може да толкуваме, но повеќе или помалку сите сме на иста страна. Се надеваме дека се ова што се случува во моментов е дел од минатото. Јас на сите состаноци кај што бевме се потрудив јасно да ги разграничам работите – минатото, пандемија, и тоа што треба да следува – нашето униформирање, вели Симоновски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + sixteen =