Тасевски: Ред, работа, дисциплина, како и атмосферата во клубот се причина за досегашниот успех на ФК Македонија Ѓорче Петров

You must need to login..!

Опис

Пандемијата како што прави проблем во целокупниот општествен живот така прави и во спортот. Тешко е да се игра без публика, но со оглед на малата посетеност на стадионите ова и не е нешто ново. Но се адаптираме и на ваков начин на игра и се надеваме дека во пролет ситуацијата ќе се смени на подобро имајќи предвид дека ФК Македонија Ѓорче Петров има и не така лоша посетеност, изјави во Утрински брифинг, тренерот на ФК Македонија Ѓорче Петров, Жикица Тасевски.

ФК Македонија Ѓорче Петров е клуб со традиција, кој освојувал жшампионски и клуб титули. Амбиции секогаш има. Но да бидам реален дека во однос на ФК Шкендија и ФК Шкупи имаме поскромен буџет, поскромни финансиски услови. Мислам дека клучот за досегашниот успех е што почнавме без особен притисок и од натпревар во натпревар играме подобро. Би ја истакнал и атмосферата во клубот, која е одлична. Секако ред, работа и дисциплина е неминовна алатка за успех, вели Тасевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 − two =