🎥 📞 Тасевски: Поезијата е медиум кој што може да пренесе општествено релевантни пораки, се надеваме дека СВП ќе се одржат во предвидениот термин

You must need to login..!

Опис

Ние се подговтвуваме за најдоброто сценарио, СВП да се одржат во редовниот термин, но секако подготвени сме и за останатите сценарија следејќи ги сосотојбите со пандемијата.

Со годинешниот лауреат сме во постојана комуникација, преводот на неговата поезија е во подговка.

„Струшки вечери на поезијата“ е дел од „Фестивалот на надежта“- глобална виртуелна поетска иницијатива во организација на „Версополис“. Тоа е платформа што обединува 30 европски меѓународни поетски фестивали и којашто е поддржана од Европската Комисија со грант за поголема мобилност на младите европски поети.

Програмата на Фестивалот на надежта, кој започна со онлајн панел дискусија на четворица поети на 23 април, ќе се одвива целосно онлајн од 24 до 30 април на веб- страницата на Версополис.

Како одговор на глобалната неизвесност предизвикана од пандемијата на COVID-19, Версополис иницираше организирање на дигитален поетски фестивал.

Освен поетските фестивали што се дел од платформата Версополис, инцијативата ја поддржаа и голем број други поетски фестивали. Се обезбедија содржини од најразличен вид, но со заеднички именител на надежта како движечка сила што го води човештвото во совладување на тешкотиите со кои се соочува.

Повеќе од 60 фестивали се јавија како учесници, со исто толку потпрограми.

Струшки вечери на поезијата (СВП) се приклучи со проектот „Зборови на надеж/ Стихови на надеж“, во чии рамки беа снимени видео обраќања на 8 македонски поети што се дел од вкупната бројка на 20 номинирани поети во платформата Версополис од страна на СВП, почнувајќи од 2014 заклучно со 2020 година.

Поезијата може најлесно да ги премине ограничувањата на ваква пандемија, но поетските фестивали се облици каде поезијата се восприема колективно, во нејзината архаична форма и во таа смисла физичкото присуство на поетот е незаменливо, вели Тодорче Тасевски, директор на Струшките вечери на поезијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve − 8 =