Тасева: Доколку етичкиот кодекс не се однесува на Рашковски тогаш треба да се корегира – процесот на проценки и евалуации е добар само ако се следи неговата имплементација

You must need to login..!

Опис

За прв пат се случи проактивно Владата и министрите да излезат и да ги коментираат препораките на ГРЕКО. Но извештајот за усогласување, односно за преземање активности на дадените препораки с еуште не е еобјавен. Официјално ќе се објави откако Владата за тоаќе даде согласност. Мислам декаова е добар пример, бидејќи во досегашната практика многу малку можеше да се знае и види за препораките на ГРЕКО за препораките кои тие ги даваат, изјави во Утрински брифинг, претседателката на Транспаренси интернешнал Македонија, Слаѓана Тасева.

МНогу малку се знае и дека во однос на имплеметирањето на препораките од четвртиот круг на проценка од ГРЕКО, бевме на работ да бидеме прогласени за некооперативна држава, односно држава која не ги спороведува дадените препораки, така што во последен момент успеавме да се извлечеме од таквата оценка и да добиеме делумно позитивна оценка, но дел од тие препораки се уште останаа да чекаат да бидат спроведени. Државата има обврска да извести што ќе направи понатаму. Затоа велам дека е добро што слушнавме што била таа евалуација, мислам дека се дадени редица препораки – 23 на број, кои активности недостасувале за да се воспостави системот на добро управување во тие ресори. Затоа е добро ние да бидеме активни. Треба да следиме и да прашуваме, во ред, донесени се кодеските за однесување, донесени се правилата за примање на подароци, но јас не слушнав дека има ефективен механизам за контрола на тоа. Каде тоа се контролира, каде се води таа евиденција, кој е надлежен во самата Влада, дали самите министри во таква процедура пријавуваат подарок поскап од 20 евра? Затоа велам убаво е што беа проактивни, но има уште работа, наглсува Тасева.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + 12 =