Таравари: Техничка Влада или ново мнозинство до предвремени избори – ДУИ го уништи Груевски, сега и Заев

You must need to login..!

Опис

Градоначалникот на Гостивар д-р Арбен Таравари за оставката на премиерот Зоран Заев вели дека премиерот е „во киничка смрт“ и дека треба да си замине, иако и тој самиот во почетокот имал голема доверба во него. Тој додава дека ДУИ е криминализирана партија како аденовирус и ги криминализира другите партии.

-Така беше и со ВМРО-ДПМНЕ, така излезе со СДСМ. На овие избори се гласаше против Ахмети и Заев. Се надевам дека Заев ќе си достои на зборот и чекаме официјализирање на неговата оставка, вели Таравари за Утрински брифинг.

Во врска со опцијата за создавање ново парламентарно мнозинство Таравари вели дека постојат две опции: да има техничка проширена влада што поскоро ќе организира избори, оти и оваа влада има скромно мнозинство, а тенденцијата е на опозицијата да ја преземе власта. Втората опција е да има ново парламентарно мнозинство. Немаме бројки, но имаме разговори оти има многу кои се разочарани од владеењето на Заев и Ахмети, вели Таравари за Утрински брифинг.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − 2 =