Таравари: Во Комисијата членуваат луѓе кои од 2017 се назначени а се немаат појавено, ниту учестувано во нејзината работа

You must need to login..!

Опис

Гостивар е меѓу градовите кои што има помал број на активн случаи. Како локална администрација одлучивме да работиме во смени, во денови. Имаме комуникација со гостиварската болница. Одделот за инфективни болести е 80% исполнет, но и другите оддели се спремни да интервенираат доколку е потребно, изјави во Утрински брифинг градоначалникот на Гостивар, д-р Арбен Таравари.

-Не очекуваме од Филипче да биде компетентен да ја менаџира оваа ситуација. Мислам дека единствена грешка кај министерот е што ја брани Комисијата која што ја изгуби битката. Оттаму само тераат демагогија дека се е под контрола, а не е така. Државата се уште нема алгоритми како да се третира болеста во различни стадиуми.

Караџоски без да ми се налути, сметам дека треба да му рече на министерот да донесат нови луѓе кои што би помогнале. Во таа комисија има луѓе кои што се назначени во 2017 а се немат појавено, ниту некој ги викнал да учествуваат во нејзината работа, изјави Таравари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + 2 =