Таравари: Ако најдете еден директор кој не ги исполнува условите, јас ќе дадам неотповиклива оставка

You must need to login..!

Опис

Министерството за образование трет пат покренува постапка за одземање на ингеренциите во образованието. Пуштени се сите инспектори, Во Струга има 800 ненострифицирани дипломи од струшкиот Универзитет. Постојат професори, сегашен министер и заменик министер коишто земале со авторски договор плати и откако е покрената иницијатива дека не смеат, ги вратиле парите со што признаваат. И ништо не презема државата. Најголемиот криминал е во 16-те училишта во Гостивар. Ова е претерано. 800 ненострифицирани дипломи, неакредитирани факултети…

И јас предавам и на скопски и на тетовски Универзитет но немам авторски договор, тоа го правам доброволно. И како може одреден министерот за образование да земал пари од Универзитетот и потоа да го врати, во 2017 и 2018 година, вчера го видов договорот. Добив информација и за огромни скадали коишто се прихжјавени во струшкиот Универзитет. Замислете ние сме второ полугодие, учениците се уште се без книги…

Прашан како ќе одговори на реакцијата од МОН дека назначувал професори ги немаат потребните квалификации за тие места, Таравари вели дека тоа е политичо влијание и дека постои политичка влијание врз судовите.

Јас ги повикувам сите новинари, експерти, било кој нека дојде во Гостивар и нека најде еден директор кој не ги исполнува условите, ако има таков јас ќе дадам неотповилкива оставка од позицијата градоначалник.

Инспекторот Илиевски ми се јави да ми каже дека се подготвува нешто против Гостивар и сака да помогне на сите градоначалници. Мене ми требаат стручни луѓе, изјави Таравари за Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 2 =