Тануровска, Димитров: Школата „Курирање во контекст“ понуди знаења и критички алатки што ги нема во формалното образование

You must need to login..!

Опис

Во Скопје се одржува Летната школа „Курирање во контекст“ која нуди критичка рефлексија за различните социо-политичките и економските контексти и која иако неформална, понуди сериозна програма и светски реномирани предавачи.

„Школата за курирање дојде како резултат на двегодишни истражувања и практично од полето на изведувачките уметности во кое подолго време дејствуваме, таа е збир на идеи соединети од различните партнери, универзитетите од Загреб и од Стокхолм и две организации кои се занимаваат со неформално образование – „Локомотива“ од Скопје и „Танц фабрик“ од Германија. Сакавме да го доближиме знаењето кое се наоѓа во таа независна сцена, односно независниот сектор што го поврзуваме со знаења коишто доаѓаат од поврзувањето со активизмот, самооргазираноста итн. меѓутоа и со отварање теми што ги нема овде кај нас, во нашето неформално образование, а тоа се теми како екологија, квир, имагинарни социјални хоризонти. Потоа зборуваме за политика и демократија – сето она кое што сметаме дека може да се поврзе не само тематски, туку и практично во креирање на проекти што се поврзани со кураторство и изведувачки уметности. Исто е важно што нашата цел е да понудиме интердисциплинарен пристап што е важно за тоа како би требало да се гледа и развива полето во кое се развиваат современите уметности денес“, вели за Утрински брифинг, Билјана Тануровска Ќулафковски, основачка на Школата.

Организаторите на Школата велат дека нивната намера е таа да стане дел од формалното образование бидејќи нуди знаење од најактуелните теориски и практични знаења и нивно поврзување со нашиот контекст во областа на културата и уметноста.

„Оваа Школа претставува современ и алтернативен пристап кон образованието споредено со контекстот во кој што сме ние. И во рамки на ликовното образование и во рамки на она што кај нас е образование во областа на танцот или театарот, овие прашања отсуствуваат ови прашања, отсуствува сериозен ангажман со современите теми и теориски и критички, но и општествено важните теми, како и новите начи на кои што се продуцира уметноста и културата во светот. Ние имаме тенденција да стане дел од образованието во форма на курикулум или модул во рамки на формалното образование и на тој начин да внесе промена таму – внатре во институционалниот контекст, но засега останува една критичка алатка која нуди алтернативни форми за образование во една област која е едвај чепната во нашиот контекст, од една страна, тоа се перформативните уметности кои се многу малку застапени кај нас и од друга страна, прашањето на курирањето на тие уметности, со теорија, меѓутоа и со активизам“, вели за Утрински брифинг, Славчо Димитров, еден од иницијаторите и предавачи на Школата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × four =