Тантуровски: Хокејот во Македонија има традиција, потребна ни е затворена арена

You must need to login..!

Опис

Хокејот на мраз во Македонија е донесен во 50-тите години на минатиот век од страна на Македонци кои студирале, работеле или живееле во тогашната Чехословачка. Сè до 1969 год. кога Скопје ја доби организацијата на Светското првенство во хокеј на мраз за Ц група, натпреварите на тогашната екипа ХК Скопје се одигрувале на лизгалиштето Ташмајдан во Белград.

Хокеј во Македонија има од крајот на педесеетитет. Во 69-та е направено лизгалиштето Кале каде е играно Светското првенство во Ц групата. ХК Вардар учестува во југословенската лига, а младинците од овој клуб едно време се и вице-шампиони. Значи хокејот во Македонија до 80-те е во висок подем. Но по давањето на лизгалиштето Кале под концесија тргнавме по надолна линија. Во моментов работиме на лизгалиштето „Борис Трајковски“, но поради временските услови и ковид кризата лизгалиштето се уште го немаме, изјави во Утрински брифинг, Љупчо Тануровски.

Балканските федерации од поранешна Југославија сме собрани во еден проект за развој на хокејот. Годинава моравме да откажеме 4 кампови за деца до 14 години поради ковид состојбата, вели Тануровски и додава дека е потребно да се средат некои законски регулативи за да се добие помош.

-Верувајте дека страв ни е да побараме помош, бидејќи ќе ја добиеме, но не можеме да ја повлечеме од царина. Во моментов нас ни стои на царина, трета или четврта година по ред роба во вредност од 60.000 евра поради тоа што не можеме да го жплатиме ДДВ-то од 7.000 евра, вели Тануровски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × three =