Танески од БЕСТ: На добар пат сме со младиот инженерски кадар, има интерес и потенцијал

You must need to login..!

Опис

БЕСТ Скопје организира Европски инженерски натпревар – EBEC од 8-19 март, за првпат во виртуелно издание. Настанот кој е организиран од студенти – волонтери е наменет за студентите и за нивното понатамошно кариерно надградување. Инженерскиот натпревар им овозможува на натпреварувачите да се запознаат со реалните практични проблеми во светот на инженерите и инженерските решенија.

Оваа година, во услови на пандемија, за првпат EBEC ќе се одржува виртуелно, во склоп на „Недела на инженерство”. Сите заинтересирани студенти ќе можат да се пријават и да се натпреваруваат, како дел од тим составен од 4 учесници, во една од категориите – „Case Study“ или „Team Design“. Работата на учесниците ќе биде следена и оценувана од страна на стручно жири составено од претставници од партнер-компаниите, како и професори од техничките факултети при УКИМ. Задачите и проблемите со кои ќе се соочат студентите ќе бидат зададени од страна на партнер-компаниите – „Aptiv“, „IW Connect“ и „Johnson Matthey“.

Case Study – во оваа категорија натпреварувачите ќе се соочат со конкретен „случај“ од некој теоретски проблем. Тимовите треба да го најдат најдоброто решение со употреба на нивните аналитички вештини, академско знаење, креативност, како и способност за тимска работа. Оваа година, партнери за оваа категорија се „IW Connect“ и „Aptiv“.

Team Design – категорија која ги предизвикува креативните вештини за решавање на практични проблеми, како и академското знаење и тимскиот дух на натпреварувачите, а предизвикот е дизајнирање на решение на даден проблем со ограничени материјали и време. Проблемот го поставува партнерот „Johnson Matthey“.

Овојпат, освен што EBEC се преместува на виртуелните платформи, сите заинтересирани студенти ќе имаат можност да присуствуваат и научат нешто.

-Самиот настан е оваа година едел од поголем настан кој го викаме „Денови на инжинерство“. Овој поглем настан почнув аод 8 март и ќе има активности кои се отворени за сите. За самиот натпревар кој ќе се случува недалта веднаш после тоа, е товорен за сите студенти при УКИМ, најчесто се пријавуваат од инжинерските факултети, но може кој било да се пријави, изјави за Утрински брифинг, Петар Танески (БЕСТ).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 2 =