Талески: Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ добиваат насоки од Будимпешта

You must need to login..!

Опис

Мнозинството во собранието предводено од СДСМ и коалиционите партнери е стабилно и тука нема дилеми. Она што мора да напоменеме е тоа што се случуваше во собранието во овој изминат период, блокадите кои што се произлезени од пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ о другите опозициони партии кои што на секаков можен начин ја искористуваат оваа здравствена криза за да добиваат некакви ситни политички поени и да прикажат во јавноста дека мнозинството не е ставилно.

Ние сме под постојана опструкција од пратениците на опозицијата кои што не си ја работат својата работа за која што примаат средства, плата од граѓаните. Целокупната своја енергија ја насочуваат да извршат некакви опструкции врз работењето на законодавниот дом. Искуството покажува дека односот на опозиционите пратеници од ВМРО – ДПМНЕ е на ниво на нула бидејќи тие насоките ги добиваат директно од нивниот шеф од Будимпешта преку Христијан Мицкоски, вели за УБ Миле Талески од СДСМ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 − 9 =