Суштинско е да имунизираме население, не е суштинско да се тркаме кој попрво ќе стигне до вакцините – борбата со вирусот не е да се вакцинираат 10 или 100 луѓе, туку 40 до 60% од населението

You must need to login..!

Опис

Говорејќи за вакцинацијата, за Утрински брифинг заменикот министерот за здравство д-р Илир Хасани изјави дека дека се работи за една „дива трка“ во модерниот свет за тоа кој што ќе грабне.

-Ова го осеќаме деновиве, кој прв ќе стигне до вакцина без разлика на тоа како се води „војната“. Генерално им „завидувам“ на таа „гордост“ со 1.000 вакцини. Треба да дискутираме дали правиме популизам или суштински работи. Јас сум за суштинатата – воопшто не ми е проблем еден или два месеци за да стигнеме до суштината. Суштинско е да имунизираме население, не е суштинско да се тркаме кој попрво ќе стигне до вакцините. Сите врски индивидуални, цела дипломатија е вклучена во целата процедура околу обезбедување на вакцините, но во доволен број да се имунизира населението, а не некој индивидуално да се вакцинира. Борбата со вирусот не е да се вакцинираат 10 или 100 луѓе, туку 40 до 60% од населението. Во секојдневна координација сме со сите пунктови каде што се врши вакцинација. -70 степени тешко се постигнуваат, потребна е посебна технологија, ја имаме во Институтот за трансфузиологија и за овој период добивме ветување од една од амбасадите дека ќе ги добиеме фрижидерите во кои ќе се чуваат вакцините, вели Хасани.

Целиот разговор со заменик министерот за здравство Д-р Илир Хасани може да го погледнете во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight − five =