🎥 📞 Сулејмани: Флората и фауната на Шапка експресно се уништува – потребна е најитна реакција

You must need to login..!

Опис

Властите во земјава со години ветуваат дека Шар Планина ќе биде прогласена за национален парк поради значителните природни вредности, но активистите алармираат дека наместо заштита, природата на Шара се уништува со сеча, пожари, но и со бројните проекти за изградба на мали хидроелектрани.

Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека Владата ги усвои иницијативите за заштита на две подрачја во нашата држава: Шар Планина и Осоговските Планини.

„Владата донесе одлуки за прифатливост на предлозите на МЖСПП за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел.

Согласно законската процедура за прогласување на заштитени подрачја, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни, и по усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози за прогласување на овие локации“, соопшти Министерството.

Одлуката е за поздравување. Иницијативата е одамна. Имавме информации дека до крајот на јануари ќе биде објавена одлуката, а околу јуни да биде прогласена 100% како Национален парк. Програмата беше спремна, анализата беше подготвена. Вчера имавме објава во која велиме дека тие што минативе години ја уништија Шапка сега ја прогласуваат за заштитено подрачје. Градени се хидро-централи, најавена е и зградба на нови – и тука е поентата: Тие што ја уништија, сега ја штитат. Затоа сега ме плаши дали навреме ќе се спречи изградбата на овие централи. Ние направивме голема реакција, бевме околу 300 луѓе горе (Лешница) на протест од каде упативме порака дека тоа место е на граѓаните, дека тоа место е заштитена зона, а вие градите хидроцентрали изјави за Утрински брифинг, Хамди Сулејмани, од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × one =