Сулејмани: Направивме победничка коалиција која ќе ги донесе промените

You must need to login..!

Опис

Долго време се разговараше меѓу Алтернатива и Алијансата на Албанците за предизборна коалиција. Без помпа и без голема свеченост се потпиша договорот.

Гостин во Утрински брифинг беше Дритон Сулејмани од секретар Алтернатива кој смета дека за победничка коалиција која би гарантирала успех во иднина е потребно време за да се договори добрата соработка.

Бевме заинтересирани на нашите граѓани да им овозможиме една победничка коалиција која ќе донесе промени во политичката сцена кај Албанците бидејќи знаеме дека во 2016 тоа не се случи како што треба иако имаше неколку промени во политичката сцена.

Во досегашното политичко дејствување приметивме дека најголем проблем е иселувањето на младите. За да придонесеме тоа да престане, многу е важно да им направиме една програма која во себе ќе содржи економски развој.

Главниот проблем што младите ја напуштаат државата е загубената надеж за подобар живот и стандарди. Тоа ќе ни биде глевна цел – да ги задржиме младите во Македонија.

Оваа политичка програма која е при крај треба да ја хармонизираме со коалиционот партнер и сме сигурни дека ова е победничка полиција која ќе ги донесе промените кои што се толку многу посакувани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven − eight =