Сулемани: ЕЛЕМ турс да се тргне од менаџирањето со Шапка – потоа Владата да бара различни инвеститори

You must need to login..!

Опис

Инвестиции во вкупна вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра се предвидени со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027. 5 милијарди и 791 милиони евра се јавни инвестиции, додека 2 милијарди и 384 милиони евра се планирани приватни инвестиции.

Во овој пакет пред завршна финална фаза е и постигнување финален правен договор за инвестиција во скијачкиот центар Попова Шапка, во вредност од 50 плус 50 милиони евра. Проектот е согласно Законот за концесии и јавно приватно партнерство, а суштината е издавање на 99 години на еден од најголемите инвеститори во скијачки центри во Европа, за којшто името се уште останува доверливо.

Исто така се разгледува можноста во Попова Шапка да се инвестира не само во зимскиот туризам, туку и во летен спортски туризам. Покренато е прашањето за можноста Попова Шапка летно време да се користи како голф центар, а зимно време како скијачки центар.

На Попова Шапка во моментов ништо не се случува. Политичарите мислат на Попова Шапка само во предизборието. Од последниот состанок во Министерството за економија се разгледаа сите најважни точки. Побаравме соединување на сите институции и како главна точка побаравме разрешување на главниот менаџер на Ски центарот Попова Шапка – ЕЛЕМ турс. После 4 месеци се уште нема извештај од тој состанок, но неофицијални информации дека некои од Министерствата не ја поддржуваат ова наша иницијатива и затоа е застанато тука, изјави во Утрински брифинг активистот од Граѓанска иницијатива Попова Шапка Хамди Сулемани.

Сите граѓани се свесни, цела држава е свесна дека ако некој купува капитал прва работа ќе го интересира какви се имотно-правните односи кои се несредени. Никој не доаѓа да инвестира 500 милиони евра во туристичкиот ресор кога од другата страна имате руирана населба. Гледаме несоработка од институците и препреките ја доведуваат Попова Шапка онаква каква што е во моментов, вели Сулемани.

Шест години јас како архитект работев за италијанска компанија во Македонија, каде што запознав многу инвеститори. Така што се знае кои се Италијанците кои доаѓаат навака и намерата одма се гледа. Но не сме доволно информирани – од една страна се вели дека ќе бидат Италијанци, од друга страна велат Германци, од трета Арапи. Значи сите политичари во оваа влада имаат различни таргет групи со кои преговараат, а нема некоја официјална одлука. Но мора да нагласиме дека Шапка не може да ја ревитализираме без странци. Мислам дека не сме на ниво да може да управуваме со скијачки центри како што е на пр. „Скијалиште Србија“, бидејќи националната култура е сосема различна од нивните, додава Сулемани.

Прво треба да се решам сите документациони работи, треба да има соодветни урбанистички планови за развој на Попова Шапка. Ако се градат хотели, нека се каже каде ќе се градат. Еднаш засекогаш ЕЛЕМ – Турс да не биде блокаторот на Попова Шапка и ЕЛЕМ турс да се тргне од менаџирањето со Шапка и да го ослободи на Владата. Потоа Владата да бара ралични инвеститори, вели Сулемани.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + 2 =