Сулев: Дојдовниот туризам како регионален бизнис – никој од Азија или Европа не доаѓа да види само една земја

You must need to login..!

Опис

Инкаминг или рецептивен туризам е вообичаен термин, но ние сакавме да почнеме да користиме македонски термин, дојдодовен, вели Влатко Сулев, експерт за туризам, генерален менаџер на Balkan Prime Tours и претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ).

-Имаме 161 агенција членка на здружението, членови се и превозници и сместувачи кои нудат туристичка понуда во Македонија, вели Сулев.

Во врска со разговорите со бугарските туроператори тој вели дека секоја соработка е добредојдена иако според Сулев таа авионска линија Скопје-Софија е неисплатлива, но поврзување со трети дестинации би било многу корисно и така авиолинијата би била одржлива со оглед на трошоците.

-И поврзување со Љубљана е добро, а и со Романија каде што има добри моности за туризам бидејќи расте потенцијалот, вели Сулев.

Македонците сѐ уште не ја знаат Бугарија, освен оние познати туристички места за летување и зимување, а потенцијали има и за религиозен туризам.

-Играта со дојдовниот туризам е регионална. Никој од Азија или Европа не доаѓа да види само една земја, туку сака да го види регионот, па оттука поврзувањето во регионот во областа на туризмот е многу важно и профитира само оној кој ќе се истакне, вели Сулев.

Сулев вели дека според податоците што ги имаат Шпанија е портата за туристи од Јужна Америка, па може да се искористи и оваа прилика. Бројот на туристи расте и капацитетите секоја година се подобриваат, вели Сулев и додава дека добро би било да имаме една национална стратегија за туризам.

-Порано тоа го правеше Министерство за економија, странци правеа стратегија и таа стоеше во некоја фиока. Ние треба да го земеме примерот на Словенија каде има силно јавно-приватно партнерство и ние само треба да го пресликаме. Словенија е хит за вински туризам, апитуризам и слично. Но силен е и градскиот туризам, ски центрите и бањскиот туризам, вели Сулев.

Крушево е добар пример со параглајдинг туризмот, кој буквално го возкресна туризмот во градот. И Попова Шапка се трансформира. Сето тоа е добар почеток.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 × one =