Сугарески: Со одредени уредби, помагаме транспортот да се одвива непречено во моментов

You must need to login..!

Опис

Со уредби со сила на закон, предложени од Министерството за транспорт и врски, правиме се што е во наша можно и ценам дека транспортот во моментов се одвива без проблем, потенцираше денеска во Утрински брифинг, министерот Горан Сугарески.

„Сите обврски кои Транспорт ги презеде, заедно со Кризниот штаб на Владата, меѓу кои уредби со законска сила, правиме транспортот да движи и тоа се случува без проблеми. Издадовме дозволи во согласност Царинската управа и македонските асоцијации, да движат транспортерите низ граничните премини и добиваат дозволи и минуваат без проблем кога регулира полицијата“, изјави Сугарески.

Тој рече дека иако има штети во транспортската гранка, Владата работи тие да бидат што е можно помали.

„Со уредбите правиме одредени олеснувања со цел да помогнеме кај транспортните претпријатија. Продолжени се сертификатите. Дополнително донесовме уредби за шоферите, зголемивме времетраење на возење и паузи. По ѕвонењето на телефонот знам колку проблеми има на границите. Засега телефонот не е толку активен што значи се се одвива без проблем“, рече тој.

Сугарески вели уште пред пандимијата да земе замав, јасно било дека 2020 е сериозна економска година во делот на капиталните инвестиции и рече дека не се откажува од нив.

„Дел од тие проекти се одвиваат, временските услови се поголем проблем… во вакви услови многу е важно да се одвиваат капиталните инвестиции, бидејќи градежната сезона веќе е почната да фукционира. Продолжуваат рехабилитации на патишта. Дел од водоводи, канализација, се што е планирано преку Министерството, продолжува и очекувам максимално да продолжат обврските“, изјави министерот.

Сугарески напомена дека неговиот сектор не може да биде имун на мерките, и полицискиот час влијае во одредени сегменти од работењето, но во делот на капиталните инвестиции, односно државните коридори, доколку дозволат временските услови, ќе продолжи да се работи на нив.

Како дел од Кризниот штаб на Владата, а во однос на економските мерки, односно олеснувата кои банките им ги нудат на граѓаните, Сугарески порача дека и тие мора да излезат во пресрет.

„ Моментот мора сите да го чувствуваме. Не е работата да не плаќаат и тие кои се во можност. Ако моментот го сфатиме сите и се придржувам

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 5 =