Сугарески: Оваа влада за разлика од онаа на Груевски гради етапно и систематски

image

You must need to login..!

Опис

Кога ги гледаме бројките на она што се има направено во овие неколку години процентите и бројките говорат дека Коридорот 8 воопшто не е запоставен во однос на Коридорот 10. Околу другите градби, мене не ми е јасно каков проблем имаше ВМРО-ДПМНЕ за Миладиновци – Штип. Ние во година и пол 50% го направивме со сите проблеми што ги имаше – во делот на проекти, експропријација итн. Станува збор за проет стар 20 години. Автопатот влегува во делот на гробиштата во Бутел и тоа не е така „ајде да тргнеме“ како Кичево – Охрид што тргнаа да го прават и да се заглавиме нови 3,4,5 години. Вака, паралелно на овие два километри што сега ќе се градат се работи на проетирање на нови 10,5. За две до три години ќе биде тој автопат направен. Зборуваме за специфичен автопат, а не како оној Миладиновци – Штип каде немаш тунел и проблеми.

Оваа година, патот кон Охрид, односно нови 25 километри ќе бидат во функција. Рокот за цењлосна изградба е јуни 2021. Очекувам согласно рокот да биде изграден. И пак да се навратам, на 1 мај 2017 автопатот Миладиновци – Штип кој што е рамнина, требаше да биде готово, односно пред оваа влада да дојде и јас да бидам министер. И сега се поставува прашањето, кога нас ни префрлаат околу градењето на автопатите, зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го прашаа Груевски зошто ништо не е завршено, кога сите рокови веќе беа пробиени.

Која сакате област земете ја, оваа власт е 1.000 пати поуспешна и подобра од претходната. Не велам дека не грешиме. За тоа и се извинуваме и ќе се извиниме, изјави во Утрински брифиннг министерот за транспорт Горан Сугарески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 1 =