Стојчески: Кога идејата е добра, лесно се преминува од фриленсери до сопствен бизнис

You must need to login..!

Опис

Патот до остварување на посакуваната цел не е лесен, но вистинските намирници за рецепт за успех се упорноста, увереноста, и многу вложен труд и енергија. Најважно од сѐ се идејата и задавањето цели, бидејќи само на тој начин сонот ќе стане реалност.

Сепак за успешна претставана пазарот не е потребна само добра фабула туку и вистински актери. Токму таков е случајот за кој разговаравме во денешен Утрински брифинг. Благоја Стојчевски е еден од основачите на компанијата Тримод Тим, компанија која се занимава со правење на печатени кола и хардвери за 3Д принтери, тим кој се залага за создавање на првата 3Д фарма во регионот.

-Имаме мини 3Д фарма што ја користиме за наши цели. Клиенти доаѓаат од цел свет со идеја напишана на ливче и ние произведуваме продукт, вели тој.

Идејата потекнува од љубовта на Стојчести кон електрониката уште од најрани години, а на факултет се запознале двајцата партнери во фирмата. Компанијата постои веќе шест години, а сопствениците започнале со работа фриленсерски, преку интернет платформите, по што се појавила потреба дизајнот на електроника да го претворат во бизис во Македонија.

-Нашите продукти најмногу се извезуваат во странство. Таму има повеќе побарувачка. Во однос на продуктите, наша цел е да одат за странски пазари иако од денес еден продукт почнува да се продава прво во Македонија. Нашите производи се паметни слушалки, производи за медицина и авиоиндустрија, сме работеле за различни министерста, за полиции во странство, вели Стојчески.

Компанијата не само што врши изведба по порача туку се и иноватори. Неодамна конструираа нова машина за ЦНЦ обработка, а станува збор за брендот е Гоба ЦНЦ. Покрај стандардните операции (длабење, отсекување) оваа машина може да најде примена во современо 3Д резбарење во дрво, пластика и алуминиум.

Стојчевски појаснува дека 3Д фарма значи повеќе принтери на едно место на кои се создаваат производи од кои повеќето се тест производи кои компаниите ги прават пред да започнат со сериозно производство.

Проследете го целиот разговор во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

seventeen + ten =