Стојмановски: 2021 година во спортот може да се оцени како мошне успешна

You must need to login..!

Опис

2021 година може да се оцени како мошне успешна. Имавме резултати со наднаслов за прв пат во историјата – пласманот на фудбалерите на ЕП, пласманот во баражот за СП и првото Олимписко финале во македонскиот спорт што до сега не беше случај, изјави за Утрински брифинг, уредник во Слободен печат, Милорад Мишел Стојмановски.

-Ова е потврда дека – ако се вели дека спортот е огледало на вкупното општествено живеење, не мора секогаш да биде така. Тоа е поука за секој од нас да си ја гледа работата.

-Секој може да се жали на амбиентот, на политичките прилики, на здравствена криза и други проблеми, но ако секој се занимава онака како што знае и умее и го даде својот максимум кон сопствената цел што ја поставил, токму спортот докажа дека може да се покаже нешто, вели Стојмановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

10 − three =