Стојмановски: Фудбалерите се исправени пред животна шанса

You must need to login..!

Опис

-Клучната разлика е во индивидуалните квалитети на Португалците, насспроти тимскиот квалитет на Италија. Вечерва треба да се внимава на поединечни потези, на избегнување слободни удари, кои ја красат португалската репрезентација.

-За разлика од Италија, кога самодовербата беше – нема што да изгубиме, овој пат има што да изгубиме. Притисокот е поголем и врз нашите и врз Португалците.

-Ако тие очекуваа Италија да им биде противник, сега не може да е надеваат дека добиле полесен противник за пласман на СП во Катар.

-Ние сме на некој начин во предност што играме во гости, а да не говориме дека Италијанците загубија 130 милиони долари за непласирањето на СП.

-Ако ние се пласираме 10 милиони добиваме за пласман, плус 2 милиони за подготовки. Треба да се има во предвид дека една третина треба да оди за играчите и стручниот штаб, што заедно со 500.000 евра ветени од премиерот како премија за фудбалсаката репрезентација не е мала бројка кога ќе се подели на играчите, така што има и дополнителен финансиски мотив, изјави за Утрински брифинг новинарот на „Слободен печат“ Милорад Стојмановски Мишел .

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × five =