🎥 Стојмановски: Да не се дозволи скриени политички сили од подземјето да манипулираат со навивачите

You must need to login..!

Опис

„Артан Груби, десната рака на Али Ахмети и водачот на навивачката група „шверцери“ од Чаир во „славната“ тепачка со вардаровите „комити“ на Кале, меѓу трофеите на својата партија, како што се судовите и Парламентот, ја наброја и ФФМ“.

Ова е дел од колумната во Слободен печат на новинарот Милорад Стојмановски, кој во Утрински брифинг говореше за случувањата во мак. фудбалот.

Мојата теза дека политиката го креира и спортот ја потврди и самиот Артан Груби, висок функционер на ДУИ. Тој во успесите на својата партија ги вбројува и наметнувањето на кадровски решенија во судовите. Во февруари започна кампања и пред кампањата. Значи политизирањето на македонскиот фудбал доби потврда во кампањата на ДУИ уште од пред неколку месеци.

Корона кризата предизвика многу проблеми и во спортот. Како што знаете и УЕФА ги менуваше одлуките на начинот на одржување на првенствата. Она што ја му забележувам на ФФМ е неговата недоследност и не нудењето на решенија. Но наназад 30 години има клиентелизам кај делегатите што гласаат за претседател на ФФМ. Како пример ќе го земам Илчо Георгиоски, беше послушник на ВМРО-ДПМНЕ и партнер во рекретивното играње фудбал на Никола Груевски, спореведуваше партиски задачи. Позната е бобата каде Мартин Протоѓер вели дека ќе заврши во ендек. Истиот тој Илчо во својот комитет за итност го вклопи Муарем Сејдфини кој како дел од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ, вели Стојмановски.

Во вибер-групата преку која комуницира со спортските новинари, портпаролот на ФФМ ја денунцираше намерата на раководството на ФФМ да не биде прогласен шампион во тековното првенство.
„Нема да се прогласи шампион, процесот на лиценцирање е сè уште во тек, а потоа ќе се одредат екипите кои ќе играат во европските купови“, напиша гласноговорникот. ФФМ се повика на Пропозициите за натпреварување, според кои нема одиграно доволно натпревари во Првата лига (70 отсто) за да се официјализира табелата како конечна. Иако и во повеќе европски првенства не беа одиграни доволен број натпревари, па сепак Белгија, Франција, Шкотска и БиХ прогласија шампиони поради вонредните околности сезонава со пандемијата на ковид-19.

ФФМ носеше контрадикторни одлуки. Прво лидерите од Втората лига ги промовираше во прволигаши, иако во тој ранг не е одиграно ниту половина од првенството, а камоли 70 отсто, па потоа реши ниедна екипа да не испадне од Првата лига, што требаше да значи и проширување на првенството за наредната сезона. Иако најави ревизија на одлуките, кои многумина ги нарекоа исполитизирани, тоа ги потпали страстите.

-Сакам да кажам дека сите се водат од некој клиентелизам и спрегата на политиката внатре во ФФМ е огромна, изјави во Утрински брифинг новинарот Милорад Стојмановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + 19 =