Стојковски од Институт „Преспа“: Потребни се засилени реформи кои реално ќе го подобрат животот на граѓаните

You must need to login..!

Опис

Во анализата што ја направивме користевме 25 индикатори кои што соодвестствѕуваат во областите политички критериуми и поглавје 23. Овие индикатори ги групиравме во две димензии – квалитет на демократија и добро управување. Понатаму ги разложивме во шест променливи, кои ги опфаќаат изборниот процес, граѓанските права и политичките слободи, пристапот на информации и слободата на говор и владеењето на правите (во делот на квалитет на демократија) и во однос на доброто владеење – извршен капацитет и извршна оддоговрност. Оценуваме на скала од 1 до 10, секоја вредност имаше своја специфика и објаснување, изјави во Утрински брифинг Андреја Стојковски директор на Институтот „Преспа“.

Релната состојба покажа дека Македонија е на половина пат од она што треба да биде, ако зборуваме за држава која што сака да биде членка на ЕУ – што значи дека има уште многу што да направиме. Бидејќицелта на истражувањето беше да видиме каква е реалната состојба, но и да видиме какоев е имиџот на државата, правивме истражувања со опинион мејкери, луѓе кои учестуваат во Советот за реформи на правосудство, луѓе од правната фела, судии и обвинители, меѓутоа правевме и интервјуа со слична категоризација на лица професионалци од Хрватска, баш за д аможе да видиме како таму не гледаат овие граѓани. Имиџот на државата кај хрватската експертска јавност е подобра во однос на 7 индикатори споредено со реалната состојба, што значи дека тие имаат подобра претстава, подобар имџ за државава во однос на некои од индикаторите кои реално се оценети послабо. Ако ја гледаме реалната состојба лошо стоиме во делот на изборниот процес, во пристапот до медиуми за промоција, кај финансирањето на изборната кампања. Лошо стоиме и кај плурализам на медиумите, вели Стојковски.

Испитувавме каква е нормативната рамка која што овозможува заштита на плурализам воопшто во медимскиот простор, застапеност на медиоуми кои различно ги гледаат, ги толкуваат или изветуваат за настаните согласно иделошката матрица, како и плурализам внатре во медиумот, односно колку е новинарот ослободен од цензура од страна на сопствеништвото. Тука реалната состојба е многу полоша од тоа како гледаат хрватските од нашите граѓани. Реалната асостојба е оценета со 5, 6,29 е реалната оценка од домашните експерти, 6 е просечната оценка од хрватските експерти. Може да биде подобро, но ако земе каква е вкупната просечна оценка 6,36 е процечната оценка на сите 25 индикатори.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven − 6 =