Стојковски за УБ: На прав пат сме – новиот еврокомесар е оној што и требаше на Македонија

You must need to login..!

Опис

Без да го навредам комесарот Хан, сметам дека новиот комесар е оној што ни требаше. Вистинско политичко водство кое ја влече работата понатаму. Работите се движат. Во овој момент ќе и биде многу тешко на Франција да каже не, а да не објасни зошто. АКо Франција добива некоја предност и сака да се наметне со блокирање на преговорите сега нема да може туку така тоа да го прави. Времето и истекува.

Во март ќе се обидат да го затворат целиот процес – реформираната рамка за почеток на преговорите. Оптимизам постои.

Во октомври пред самитот Македонија ги заокружуваше техничките делови за почеток на преговорите. Сега треба да кажеме каде Северна Македонија се наоѓа во секое од соодветните поглавја за да може ЕК да почне со изработката подговтовката на преговарачките позиции. Се уште немаме преговарачки позиции, но тоа не значи дека во овој момент кога ќе се прават анализите нема да може тоа да го направиме“, изјави Андреја Стојковски, претседател на Центарот за европски стратегии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen + five =