Стојковски: Европа ќе најде начин да комуницира со САД без оглед кој ќе биде претседател

You must need to login..!

Опис

Мислам дека до сега има малку изненадувања во кампањата. Сите се воздржани околу резултатот и за очекување на евентуалните изненадувања. За почеток треба да се се следи како ќе излегуваат резултатите во Џорџија, Северна Каролина, Охајо, Аризона, Флорида, Тексас, но очекувањата се дека во Филаделфија ќе се бројат гласовите најрано до петок, а може да продолжи и понатака. На почетоков на викендов видов податок дека 90 милиони веќе гласеле што е сериозна бројка.

Минатиот изборен циклус имаше околу 130 милиони вкупни гласови, изјави за Утрински брифинг Андреја Стојковски директор на Институтот „Преспа“ , кој изјави дека воопшто нема да биде изненадување Бајден да има поголем број на гласови од Трамп, но сепак изборниот модел во САД е таков што не секогаш оној што има повеќе гласови де факто победува.

-Во Филаделфија се кршат гласовите. И ако Бајден победи во оваа држава тогаш шпансите за победа на Трамп се помали од 1 процент. Но сите држави зависат од тоа колку има отстапување во анкетите. Миаслам дека во некои од тие „променливи“ држави разлиакта е безбедна за Бајден. Но така беше и на минатите избори па се случи изненадување, вели Стојковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 5 =