Стојковски: Државниот инспекторат за животна средина им објави војна на сите загадувачи

You must need to login..!

Опис

Државниот инспекторат за животна средина им станува 24 часовен партнер на граѓаните во борбата против загадувањето, а во насока на заштита на животната средина.

Донесена е одлука сите државни инспектори по завршување на работното време да бидат во пасивно дежурство за реализација на вонредни инспекциски надзори и во останатиот дел од денот но и ноќта доколку се јави потреба.

Во таа насока отворена е и нова телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат загадувања на животната средина.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Сретен Стојковски, директор на Државниот инспекторат за животна средина.

-Од моето доаѓање во август на функцијата, веќе им е објавена војна на сите загадувачи што може да се види од транспарентноста што ја покажуваме на терен и на нашата ФБ страна.

-За сите прекрошци се направени казни и пријави пред судовите.

-Во последните пет месеци се поднесени вакви казни од над 380.000 евра, вели Стојковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

six − 6 =