Стојковски: Добро е што Петков доаѓа во С Македонија – економските интереси се повеќе од видливи

You must need to login..!

Опис

Ако споредуваме со тоа што се случуваше пред неколку години и за Заев Борисов беше во прва посета. Добро е ова што се случува особено ако имаме предвид дека најголемиот дел од нашите соговорници кои следат меѓународни односи и ги креираат политикитен, на најниско ниво ги ставаат односите со Бугарија. Добро е што Петков доаѓа во Македонија и добро е што имаме нов премиер и кај нас, како и најавите за развој на соработката и трговската размена меѓу двете земји.

Економските интереси се повеќе од видливи. Солун и Софија се речиси исто оддалечени од Скопје но времето за стигнување во едниот или во другиот град кај соседите ите како е различно. Затоа е неопходно изградба на неопходна патна инфраструктура што е првиот елемент да направите вистинска врска.

Општествена промена најверојатно тешко дека ќе постигнат со оглед и дека мандатот и не им е така долг, а работите не се завршиуваат ниту за две ниту за четири години, но имаат можност да прекинат јавен дискурс на националистичките прашања, а тоа има шанса да помогне малку во насоката како да се движиме.

Членот кој се однесува на малцинствата од договорот за добрососедство оди во насока на бугарската теза… Во ЕУ постои некаква дебата околу пресудите во Стразбур на судот за човекови права, вели за УБ директорот на Институт ПРЕСПА Андреја Стојковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eleven − four =