Стојковска: Урбанизацијата сама по себе не е јавен интерес туку треба да биде во функција на јавниот интерес

You must need to login..!

Опис

Во врска со предлог измените на Законот за урбанистичко планирање, 35 невладини организации кои се занимаваат со проблеми за урбаното живеење и екологијата бараат јавна расправа за нив. Тие велат дека се сомневаат оти со измените се бараат и овозможуваат на инвеститорите да градат на локации со кои ќе се наруши средината.

-Бројот на нашите забелешки е навистина мал, но не е мал размерот доколку се усвојат таквите членови. Со предлогот се бара донесувањето на урбанистичките планови да се донесуваат како јавен интерес. На пример, законот за шуми вели дека не смеат да се ископачуваат шуми освен во јавен интерес, па оттука може да произлезат импликации, вели Искра Стојковска од „Фронт 21/42“.

Таа додава дека бараат прецизно да се дефинира што е тоа „јавен интерес“. Урбанизацијата е дејност од јавен интерес вели новиот предлог закон, но тоа не е така, напротив јавен интерес е здрава животна средина или заштита на лицата со посебни потреби, вели Стојковска за Утрински брифинг и додава дека досегашното искуство со начинот на градење се покажало дека инвеститорите имаат предност пред она што е навистина јавен интерес.

-Урбанизацијата сама по себе не е јавен интерес туку треба да биде во функција на јавниот интерес, вели Стојковска.

Законот наводно се менува затоа што селата не можат да се урбанизираат, но Стојковска вели дека тоа не е точно според Законот за село.

-Лагадин, Елшани, Љубаништа… ќе можат да се урбанизираат без да се ровери како тоа ќе влијае врз животната средина, вели Стојковска за Утрински брифинг.

Уште еден голем проблем е што не е спроведен законот за животна средина. За овој закон со измените се вели дека нема да има влијание врз животната средина и затоа не оди на јавна расправа, но Стојковска вели дека тоа не е така и додава дека екологистите си ги знаат своите права и законите и дека постапуваат според нив, па оттука поднеле тужба пред Управниот суд, а се подготвени да одат и подалеку.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

11 − seven =