Стојан Мишев: Бараме да се формира посебен државен фонд за помош на жените жртви на насилство

You must need to login..!

Опис

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) спроведе истражување со цел да се утврди влијанието врз жените на кризата со Ковид-19 пандемијата.

„Истражувањето е спроведено на примерок од 2272 жени на национално ниво, а сегментите што посебно ги испитувавме беа влијанието на кризата врз здравствената заштита на жените, влијанието врз оние кои претрпеле семејно насилство и влијанието на кризата врз жените Ромки. Кога се работи за семејното насилство, генерален е заклучокот дека кризата негативно се одрази врз состојбите со семејното насилство во државата и тоа преку зголемување на ризикот од насилство и ескалирањето на семејното насилство. Како резултат на ограничувањето на движењето, жените се соочија со специфични проблеми кои претходно не беа вообичаено поврзани со насилството. Исто така, истражувањето покажа отежната комуникација со институциите кои би требало да им помогнат, односно да ги разреша тие проблеми. Тоа пред се’ се центрите за социјална работа, полицијата и основните судови.

Жените жртви на семејно насилство се соочија со забрана за напуштање на домот и беа уште повеќе изолирани, им беа ограничени контактите со роднините и пријателите и семејството. Дел од жените претрпеа специфични форми на економско насилство, односно им беше забрането да работат за време на кризата или ги покриваа поголемиот дел од домашните трошоци што лошо влијаеше врз нивната финансиска состојба и доведе до нивна финансиска зависност. За жал, иако семејното насилство кај нас е регулирано со закон од 2004 година, сепак во пракса се соочуваме со сериозни недостатоци на ниво на инстиуционалното постапување во смисла на неедуцираност на вработените во центрите за социјална работа, полицијата, судовите, потоа некоординираност помеѓу н анадлежните институции, несоодветно обезбедување на помош и поддршка на жените кои претрпеле семејно насилство и сите овие проблеми кои постоеја подолго време, уште повеќе се продлабочија за време на кризата“, вели за Утрински брифинг, Стојан Мишев од здружението ЕСЕ.

Здружението упатило барање до владата и до надлежните министерства да формираат посебен буџетски фонд за покривање на трошоците за живот на жените жртви, кој првенствено ќе биде наменет за трошоците на засолнување на жените, паралелно со државните засолништа кои, според ЕСЕ, немаат доволно капацитети.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 − three =