Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде декор во распишаните избори во Маврово-Ростуше и Центар Жупа

You must need to login..!

Опис

-ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука уште пред да заврши конечниот рок за пријавување на кандидати за овие распишани локални избори без наша консултација како најголема опозициска партија, туку директна со одлука на претседателот на Собранието и без притоа да биде информирана ДИК.

-Како партија одлучивме да не учествуваме на локалните избори во Општина Маврово-Ростуше и Центар Жупа, од причина што не сакаме да бидеме декор за една одлука која што е непромислена и избрзана, без да се седне на маса и да се разговора, изјави за Утрински брифинг Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Гледаме дека со оваа одлука веќе се согласил и кандидатот на СДСМ. Мислам дека ја согледаа реалноста отпосле, односно и дека тие ќе бидат неуспешни.

-Би требало ДИК да донесе заклучок дека оваа постапка се прекинува, па заклучокот службено да стаса до Собранието и кога ќе се распишат наредните избори, очекуваме да бидеме консултирани и заеднички да го определиме датумот, вели Стојаноска.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

9 − 5 =