Стојаноски: Стануваме нерентабилна економија

You must need to login..!

Опис

Заради Украина Европскиот континент се соочува со еден нов шок-инфлацијата. Добро упатените велат дека тоа ќе биде најголемата криза по Втората светска војна, а С Македонија која има далеку по кревка економија овој инфлаторен шок ќе го дочека како цунами. Прашањата за кроењето на буџетот вчера беа поставени на пратеничките прашања во Собранието.

Гостин во Утрински брифинг беше Бојан Стојаноски, претседател на Комисијата за финансирање и буџет.

-На прашањето дали заемот од ММФ е нешто што се доживува како успех или дебакл, јас не добив конкретен одговор. Сметам дека дека прашањето е многу реално, вели Стојаноски.

-Јас го проследив и гостувањето на проф. Славески на вашиот медиум, а имав можност и од самата респектабилна академска фела да видам што значи заем од ММФ. Имаме милијарда евра само да се одржи ликвидноста на буџетот.

-Сметам дека ако не се краде волку како што се краде сега, ќе имаме можност да собереме поголема маса на пари за да не мора да се задолжуваме, додава Стојаноски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

ten + 7 =