Стојаноски: Сегашното мнозинство не е функционално – ВМРО-ДПМНЕ ќе состави Влада која ќе ја извади земјава од кризата

You must need to login..!

Опис

Три дена после оној циркуз со мнозинството, кога фанфареа по медиумите дека имаат стабилно мнозинство, стигна понуда од Заев за Влада за национален спас и тука се наметнува прашањето ако по 4 години премиер ја донел земјата до стадиум да има национална влада за спас, тогаш може да видиме и направиме реттроспектива на неговото владеење – став на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, преговори со мафија нема, ќе ги поразиме на избори и ќе составиме влада која ќе ја извади оваа држава од кризата која се наоѓа, изјави во Утрински брифинг Бојан Стојаноски, пратeник од ВМРО – ДПМНЕ.

Заев сакаше да го дисциплинира мнозинството. Еве јас фрлам ракавица до пратениците од коалицијата во парламентарното мнозинството да одговорат дали јасно знаеле за што гласаат, односно дали вечерта им било кажано дека ќе дојде премиерот и дека усно ќе стави гласње за доверба на Владата. Тој ден се изгласна доверба, но утредента повторно немаше кворум за функционално Собрание. Ова мнозинство не е функционално и тоа се гледа секојдневно.

ВМРО-ДПМНЕ разговарало, разговара и ќе разговара со пратеници кои не се согласуваат со политиките на Зоран Заев. Проблемите се до таа мера изразени што имаат самите проблем во собранието да свикаат седнции и создадат кворум, не заради тоа што пратениците на опозицијата не се присутни, туку заради тоа што со дисонантни тонови не можат да се договорат кои точки ќе бидат на дневен ред, вели Стојаноски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen − 7 =