Стојановски: ЕЗ забранува да се даваат било какви државни субвенции во енергетскиот сектор – се нарушува конкурентноста

You must need to login..!

Опис

Државната помош која Владата ја даде на компанијата ТЕ-ТО која прогласи стечај а истовремено прави огромни милионски профити годишно, е една тотално контрадикторна ситуација. Ова ќе биде обжалено пред ЕЗ.

Енергетската заедница (ЕЗ) на својата интенет страница на 7.02.2020 соопшти дека објавува прелиминарни истражувања. Таму стојат истражувања и анализи од директни и скриени државни институции во енергетскиот сектор.

Ивица Стојановски

Претежно студијата е направена околу прозиводството со јаглен во термоцентралите, затоа што претежно тие шест држави што се опфатени, БиХ, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија и Украина, производството претежно им се базира и на јаглен, но што е важно во ова.

ЕЗ им наложила на овие шест држави своите правни регулативи да ги усогласат со регулативите кои важат во овој сектор.

Изричито се забранува да се даваат било какви државни субвенции во енергетскиот сектор.

Тоа ја нарушува конкурентноста и прекуграничната трговија со енергенси и со тоа се фаворизираат одредени реагенси.

Дури за ова се известени, не само овие шест држави, туку и многу повисоко тело.

Известена е Генералната управа на европската комисија за конкурентност, изјави во УБ, Ивица Стојановски, од надзорниот одбор на Топлификација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − 13 =