Стојановска: Државната матура треба да се полага

You must need to login..!

Опис

Лани ова време не распуштија само на две недели. На почетокот бевме среќни, за потоа да ни речат дека матурата ќе ни ја укинат. Нас ова ни остави трајни последици, особено за запишување во странство. Нашата матура е признаена во другите земји и тоа ни е плус за запишување во странство. Јас не обвинувам никого, но беше многу лошо што не се спроведе матурата, изјави во Утрински брифинг, Ева Стојановска, студентка по медицина во Бохум, Германија.

Она што сакам да го потенцирам е дека матурата на некој начин беше како израмнување на знаењата што ние го поседувавме. Во однос на протестот што го организираа средношколците, ги поддржувам да се скрати некој предмет, но останувам на тоа дека треба да се полага државната матура бидејќи е важна за уписот во странство, но и во Македонија, вели Стојановска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + 16 =