Стојановска: Време е да се промени начинот на вработување во театрите

You must need to login..!

Опис

„Аудиција сега!“ е иницијативата ја покренаа дипломирани невработени театарски работници, актери, театарски режисери и продуценти и драмски писатели кои бараат менување на политиките за вработување во театарите.

„Доаѓам како претставничка на околу 120 колеги, актери, режисери, театарски продуценти, драматурзи и нашата иницијатива се случува сега бидејќи сметаме дека е време да се случи акција од поголеми размери и ја нарековме „Аудиција сега!“ затоа што зборот аудиција во својата основа значи слушање, да се сослуша. Ние сакаме да бидеме слушнати, ние сакаме нашите барања да бидат исполнети. Како колектив не се чувствуваме доволно подготвени да бараме суштински промени, како што е пример праксата на некои светски театри да немаат вработени актери, треба да се знае и тоа дека ова е само почеток и ова е прв пат во историјата на македонските театарски работници имаме толку голема и силна група. Она што ние го бараме првично се трудевме да биде во форма на предлог за решавање на проблемот. Има различни аспекти и дел од нашите барања кое се однесува на ангажирање на невработени уметници во рамките на самите институции и барањето за преиспитување на критериумите за програмите од национален интерес сметаме дека може многу лесно да се решат, многу едноставно може да ги видеме во пракса, почнувајќи од јуни“, вели за Утрински брифинг, Ангела Стојановска, актерка и претставничка на иницијативата „Аудици сега!“

Како што вели Стојановска Приоритетно барање е формирање на работна група за отворање на нови работни места, воведување нови критериуми за оценување на проектите за независната сцена, водење сметка за процентот на учество на невработени и вработени во театарските продукции при бодувањето, задолжително ангажирање невработени режисери со по минимум еден проект во институциите годишно, ангажирање невработени актери во секоја претстава во продукција на институционалните театри и редовни конкурси за драми на македонски драмски автори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fifteen − ten =