Стојадиновиќ: Лицемерно и безобразно е однесувањето и реакцијата на ЕУ за она што го прави и бара Бугарија – недостасува дипломатска офанзива

You must need to login..!

Опис

Македонските граѓани со бугарски пасоши не можат да бидат причина сопнување, бидејќи тоа постои одамна, односно започна кога Бугарија стана членка на ЕУ. Тие луѓе егзистираа и пред да почне овој проблем со Бугарија ланската година, и мислам дека самиот проблем го поттикна вниманието на јавноста дека луѓето масовно аплицираат за тие пасоши, изјави во Утрински брифинг политикологот, Соња Стојадиновиќ.

Мислам дека гневот на јвноста на погрешна страна се насочува, затоа што со самата бројка колку македонски граѓани со бугарски пасоши се регистрирале да гласаат на нивните избори и споредба со неофицијалната бројка од над 70.000 македонски граѓани со бугарски пасоши покажува дека Македонските немаат интерес да учестуваат во тие избори. Пизмата и гневот не треба да се насочи кон тие луѓе, бидејќи тие пасошои се земени поради егзистенцијални причини, смета Стојадиновиќ.

За мене лицемерно однесување е реакцијата на ЕУ за она што го прави и бара Бугарија. Има една чувство и однесување на една комплетна индифирентност за ирационалните проблеми кои ги создаваат земјите членки кон земјите кандидатки го покажува лицемерието на ЕУ , вели Стојадиновиќ.

Лицемерно и безобразно е тој начин на однесување на Брисел кон земјите на Балканот, што ги става на нееднакво ниво со земјите членки кои им создаваат проблеми, за на крај да викаат решете си го проблемот, додава Стојадиновиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 2 =