Стефоска: Мора прво да се среди куќата која ги сервисира сите културни институции, културата е клучен ресурс за државата

You must need to login..!

Опис

Министерката Ирена Стефоска, по 15 месечно раководење со министерството за култура заминува од функцијата. На нејзиното место во новата влада на Димитар Ковачевски доаѓа Бисера Костадиновска Стојчевска.

– Ако згаснале едно чудо реакции за култура на телевизиите и на другите медиуми сосема е јасно дека културата е на маргините. Културата е клучен ресурс за државата, извозен продукт на една мала земја која има со што да се гордее, рече Стефоска.

Недопустливо е за една мала земја за која културата е клучен ресурс да биде ставена на маргините во интересот на јавноста. Честото менување на министри на позицијата министер за култура покажува една некозистентност во спроведување на политиките во овој сектор.

Во година и пол ние успеавме да ја поместиме културата од минус 100 до нула. На новата министерка и остануваат сите отворени процеси, визии стратегии да ги продожи. Културата да го заземе местото што и припаѓа. Културата не е само одење во театарт, култура е стил и начин на живеење, обичаи традиции и верувања и затоа е толку важна.

  • Право на секој мандатар е да си состави кабинет. Никој не ме прашал што е сработено, зошто треба да заминам. Поразговаравме со мандатарот за причините про и контра зошто е важна културата, нагласи Стефоска.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fifteen + 3 =