Стефоска: Кога културното добро е во опасност тоа подразбира мобилизација на сите ресурси во државата

You must need to login..!

Опис

По седум години откако е инициран проектот за конзервација на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново конечно почна и реализцијата на конзевацијата на архитектурата, кажа Ирена Стефоска, министерка за култура за Утрински брифинг.

„Кога станува збор за заштитата клучниот проблем е кадровскиот и финансиите, потоа и нарушениот систем на заштита. Нашата земја со децении имала традиција наодличен систем на заштита на културното наследство. За жал, изминативе децении тој систем е нарушен. Од кога сум на оваа позиција, заедно со тимот работиме на неколку фронта за да почне процесот на подобрување на системската заштита за коешто е потребно да работат и надлежните инстиуции, потоа тука е нормативниот дел, реорганизацијата, кадровски и инфраструктурни екипирања и финанисрање. За следната година обезбедивме буџет за заштитата од 105 милиони денари, за разлика од оваа година кога буџетот бил само 70 милиони денари. Во просек, минатите 10 години и повеќе години, буџетот за заштитата бил 40 до 60 милиони денари.

По 2002 година, проектираниот буџет за следната година е најголемиот, дотолку повеќе што отворивме потпрограма Културно наследство во опасност за која што обезбедивме 12 милиони денари за почеток и црквата во Курбиново ќе влезе во оваа програма, каде се’ уште не е подготвен проектот за конзервација на фреските. А ќе бидат вклучени и странски експерти во подготовката на проектот за конзервација“, вели министерката Стефоска.

Таа нагласи дека и за црквата Св. Богородица во селото Матејче се актуелизира процедурата да се биде прогласено за кулурно наследство во опасност, која ја покренала Управата зазаштита на култното наследство во 2017 година. Националниот конзерваторски центар и Управата работат на тоа исто како и во случајот со Курбиново. Ставањето на едно културно добро во опасност подразбира мобилизација на сите ресурси во државата, финансиски, кадровски, вклучително и странска експертиза., иако и досега можела да биде вклучена. За овие месец и половина успеавме да обезбедиме средства преку Министерството за култура за Националниот конзерваторски центар за да направи надворешна заштита.

А мора да нагласам дека заштитата на нашите културни добра, освен надлежните инстиуции, мора да се вклучат и локалните самоуправи и имателот на сите овие добра, во случајот Македонската православна црква“, додава Стефоска. Таа соопшти дека идејниот проект за конзервација на Аквадуктот, кој се наоѓа во близина на Скопје, е завршен, а основниот проект ќе биде готов за две недели.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 17 =