Стефоска: Буџетот за култура ќе биде зголемен во 2022 година

You must need to login..!

Опис

Од 4 октомври до 6 ноември во тек е аплицирањето за Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, првпат годинава тоа се врши по електронски пат. Според министерката за култура, Ирена Стефоска тоа ќе го скрати и времете за чекање на резултатите. За идната година и покрај пандемијата се проектира поголем буџет за култура од оној за 2021 година, кој беше намален за околу 150 илјади евра. Буџетот за култура е 1, 23 отсто од вкупниот буџет на државата.

„Овој процент треба да се зголеми и работам на негово зголемување затоа што е недопустливо само 1,23 отсто од буџетот на државата да одат за култура. Така не може да се развива културата и да се градат културни политики. Од друга страна, оваа година буџетот за култура беше намален бидејќи обврските од претходниот буџет во старт ни изедоа една третина од буџетот за оваа година. Така што проектираните средства кои што во основа не се мали, во старт беа намалени заради пренесените обврски. За следната година буџетот за култура ќе биде поголем, расчистивме долгови, затворивме дупки итн. па така со покомотен буџет ќе работат комисиите и Министерството за култура. Се’ уште трае пандемијата и во такви услови не може да работите како во нормални услови, иако тоа може да биде предизвик за поголема креативност. Затоа ние во општите услови за конкурсот напишавме апликантите да ја земат предвид општата состојба со пандемијата, значи да ги прилагодат проектите, колку што е можно, на условите во кои живееме и работиме“, рече за Утрински брифинг, министерката за култура Ирена Стефоска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + seven =