🎥 📞Стефан од Conquering Lion: „Revolution Time“ е комбинација од два правци, а тоа се roots reggae и new roots, а таа комбинација е зачинета со елементи од dub жанрот

You must need to login..!

Опис

Conquering Lion е даб/реге/кросовер бенд од Тетово (Македонија) кој своето творештво го започнува во април 2007. Во октомври 2009. бендот го издава својот прв албум едноставно насловен како “I” за PMG Recordings на кој што може да се слушнат 10 песни меѓу кои и соработката со јамајканскиот артист Jah Clarity на песната “Jah Love”. До сега, покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Холандија, Полска и Косово.

Како едни од побитните настапи на Conquering Lion може да се издвојат настапите со Manu Chao, Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Raphael, Hornsman Coyote…Исто така бендот има настапувано на поголеми фестивали како, Riding Higher во Германија, In Music Festival во Хрватска, Таксират Фестивал во Македонија…

Conquering Lion го издаваат својот 4ти по ред студиски албум насловен како “Land Of Confusion” кој беше издаден на 24ти Фебруари 2017 за издавачката куќа Locksmith Records од New Jersey, USA. “Land Of Confusion” беше номиниран за најдобар реге албум за 2017 на Греми наградите и за албум на годината на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”. Сите три сингла од новиот албум “Wake Up”, “Go” и “Natty Lion” беа премиерно промовирани на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”.

На 30 март го издадовме петтиот албум, но промоцијата малку ќе се одложи и се кога ќе се доведе во нормала тоа ќе се оддржи“, изјави за Утрински брифинг, Стефан Илиевски од „Conquering Lion“.

Новиот албум се движи во комбинација од два правци, а тоа се рутс реге (roots reggae) и њу рутс (new roots), а таа комбинација е зачинета со елементи од даб (dub) жанрот. Тоа значи дека слушателите на овој албум ќе слушнат елементи и ритми инспирирани од стариот олд скул реге звук но претопен во модерна њу рутс продукција, како што тоа го прават денеска и големите реге артисти како Демјан Марли, Албороси, Хроникс, Џентлмен итн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

12 − 4 =