Стефан Богоев: Поголем дел од планираните средства за новогодишното украсување ќе одат за набавка на прочистувачи на воздух

You must need to login..!

Опис

Целосно откажување од новогодишното украсување за некаде да се донираат парите е клише, рече денеска во Утрински брифинг градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

-Ние одлучивме да направиме баланс. Не може да се правиме слепи дека не гледаме што се случува со пандемијата која предизвикува и економска криза. Затоа одлучивме од планираните два милиони денари, за украсување да се потрошат 600.000 денари за да се одржи духот на новогодишните и Божиќните празници и во овие тешки времиња малку да ги развредриме граѓаните, додека останатите 1.400.000 денари ќе одат за набавка на прочистувачи за воздух во градинките и училиштата, нагласи Богоев.

Буџетот на општина Карпош за 2021 година се креира преку анкетен прашалник на кој карпошани можат да ги даваат своите предлози, според кои ќе се формира Општинскиот Буџет. До овој момент, прашалникот го пополниле 450 граѓани, а истиот ќе биде активен до среда (03.12.2020), на следниов линк: https://bit.ly/3fHirpJ.

-Тука граѓаните ги пријавуваат работите кои што тие мислат дека треба да бидат дел од буџетот, а произлегуваат од нивните проблеми во секојдневието. Најчесто доминираат инфраструктурните проблеми, екологија и урбанизам. Покрај ова Општината прави и теренска анкета на 1.100 испитаници, секоја година истиот период, за да добиеме информации кои се потребите на граѓаните, рече Богоев.

Тој додаде дека се уште не е утврдено со колкав Буџет ќе располага Карпош во 2021 година, бидејќи се чека писмото од Министерството за финансии. Законските одреби велат дека се прави просек од реализираните проекти во изминатите три години, и на тоа се додаваат 30 проценти. Тоа значи дека Буџетот за 2021 ќе биде понизок од Буџетот за 2020 година.

-Во 2021 ќе биде завршен паркот на локацијата на поранешната депонија на крајот на Илинденска, која ја расчистивме заедно со Град Скопје. Станува збор за површина од 65 до 70.000 метри квадратни, се прават финалните проверки на проектот за спортската сала Партизан чија реконструкација ќе биде финансирана од Агенцијата за млади и спорт. Општината донесе и развојна програма за комплетна реконструкција и санација на целиот плочник во Порта Влае на површина од 18.000 метри квадратни. Со ребалансот на Буџетот на државата ќе биде пробиен мостот на улицата Љубљанска од Сити мол преку Вардар до клучката кај Бардовци и Злокуќани, а ќе биде направен и кружен тек кај клучката кај Хубо Маркет, кај Момин поток. Таа клучка ќе го намали метежот во градот. Добивме средства од Светска банка преку Министерството за транспорт и врски за пет улици кои ќе се реконструираат. Тоа се улиците Париска, Шекспирова, Гиго Михајловски, Иван Аговски и Мирка Гинова, рече Богоев.

Во врска со повикот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски да сесвика вонреден конгрес, Боегоев нагласи дека сите размилувања, идеи и ставови во врска со темата ќе ги каже на раковдството на партијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 + nine =