Стефановски од Евротинк: Кој и да дојде на власт нема да ја загрози имплементацијата на Преспанскиот договор

You must need to login..!

Опис

Евротинк правеше мерење на јавното мислење пред Самитот на ЕУ во октомври и после него. Зачудувачко, но за среќа, поддршката за пристапување кон ЕУ е малку повисока по Самитот.

Иако е тоа во некоја маргина на грешка, сепак е убаво чувството да видите дека покрај тој „удар“ поддршката на македонските граѓани е висока, изјави во Утрински брифинг д-р. Иван Стефановски, извршен директор на Евротинк.

Околу т.н хрватско – грчка иницијатива и последните фази за почеток на преговори на Македонија и Албанија со ЕУ и вестите кои доаѓаат од ЕУ центрите, оптимизмот за позитивен извештај како и застанувањето и на Франција зад давање датум за отворање преговори, Стефановски смета дека оптимизмот треба да биде присутен и дека по последните изјави на Макрон има простор за оптимизиам.

Мислам дека она „No“ во октомври одекна многу силно пред се во европските главни градови.

Сојузниците на Франција направија се што е во нивна корист да покажат дека е тоа грешка и дека нема Европа без Западен Балкан, вели Стефановски.

Ако навлеземе во генезата на ЕУ ќе видиме дека тоа е сепак една економска заедница. Сметам дека целиот регионможе да има само бенефит од вклучувањето на земјите од Западен Балкна. Затоа не треба да не чуди поддршката од Грција, Хрватска, Словенија. Интегриран Западен Балкан ќе значи и многу позитивен импакт за нивните економии. Не случајно Германија притиска и се залага за нас. Видете ги само последните браун-филд инвестиции во последниве десетина години колку од нив се германски или австриски. Тука можеме да го лоцираме директниот економски интерес на овие две земји. Иако со Франција немаме такви економски „симбиотички“ врски, она што со сигруност можам да го забележам во последно време е една засилена дипломатска активност.

Дел од тие интервенции можеби и не се видиливи односно се повеќе тектонски. Двонасочниот канал на соработка функционира многу подобро од претходно.

Околу најавите за преиспитување на Преспанскиот договор и инаетењето околу таблите и рекациите на западните партнери околу оваа политичка демагогија, Стефановски смета дека без разлика дали нам ни се допаѓа или не Северна Македонија е реалност. Исто така помирувањето помеѓу Грција и Македонија е проект зад кој што директно стојат сериозни западни влади, држави со кредибилитет.

Сметам дека никој на национално ниво, во Македонија или Грција може да ја загрози имплементацијата на Преспанскиот договор. Погледнете ги изјавите на Мицотакис пред изборите во Грција и земете го неговото поведение по изборите. Од крајно отфрлувачки, по изборите рече дека договорот е реалност и ќе го почитуваме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + nineteen =